Дела на македонски автори претставени во Истанбул

148

Министерот за култура Хусни Исмаили, кој деновиве престојува во работна посета на Истанбул, во тамошниот Музеј на уметноста присуствуваше и на претставувањето на творештвото на неколку македонски автори во рамките на 38-от Меѓународен саем на книгата во овој град. Пред турската читателска публика и турските издавачи е претставено творештвото на младите автори Славица Гаџова-Свидерска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Михајло Свидерски, а за таа цел е изработен и каталог со извадоци од нивните прозни и поетски дела преведени на турски јазик.

Организатори на претставувањето беа Културно-информативниот центар во Истанбул и издавачката куќа „Восток“.