Двојазичен зборник „Соѕвездие“ на македонски и на српски поети

81

Песни од 16 македонски и исто толку српски поети се објавени во двојазичниот зборник „Соѕвездие“ што излезе од печат во издание на културниот центар „Бран“ и меѓународната ревија за литература „Бранувања“ од Струга. Зборникот, како што соопшти издавачот, ќе биде промовиран на 5 јули во националната установа библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.
Промотори ќе бидат Љубиша Симиќ и Христо Петрески, а осврт за досегашната заемна соработка ќе даде поетот Петко Шипинкаровски.
Творбите на македонските поети се преведени на српски јазик и обратно на српските писатели на македонски јазик. Во двојазичното издание, предговорот е на македонски писател Христо Петрески, кој на крајот од своето обраќање, завршува со зборовите: „Писатели од Балканот, обединете се!“