Две книги за Коле Чашуле во прилепската библиотека

47

Библиотеката „Борка Талески“ од Прилеп издаде две книги „Семејните библиотеки во Прилеп“ и „Коле Чашуле – библиографија“. Во првата, чии автори се Петар Петрески и Магда Василеска, пред јавноста се презентираат семејните библиотеки и старите и вредни книги што ги поседуваат нашите сограѓани. Пред читателите се претставени семејните библиотеки од 18 прилепски семејства, меѓу кои на фамилиите Алексоски, Ангелески, Башески, Галески, Магдески, Талески, Стаменови и др.
„Библиографија за Коле Чашуле“ од авторите Каролина Крстеска, Благица Илијоска и Марија Пажеска, е идеален водич за натамошни истражувања за делото и животот на романсиерот, драматургот, литератот и публицист, Коле Чашуле. Трудот содржи 510 содржини, собирани од печатените медиуми, дневни, месечни и периодични весници и списанија. Со библиографијата библиотеката ја збогатува и роднокрајната литература, бидејќи Чашуле е роден прилепчанец.