Две изведби на балетската претстава „Оревокршачка“ во МОБ

200

Македонска опера и балет (МОБ) ја најавува балетската претстава „Оревокршачка“ со две изведби, в среда и во сабота, со почеток во 20 часот.

– Ова е едно од најпопуларните и најизведувани дела, на сите светски сцени по музика на Петар Илич Чајковски. Овој балет е ултимативна Новогодишно-Божиќна бајка – мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од „Оревокршачка“ пред и после Нова година, секоја година – се наведува во најавата на МОБ.

Во улогата на Клара настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (среда) и Мими Поп
Алексова Атанасовска (сабота), Принц е Бобан Ковачевски, Мала Клара е Бојана Арсовска, истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и ученици од ДМБУЦ – балетски оддел, придружени од оркестарот на Македонска опера и балет.