Годишен концерт на КУД „Илинден“ во Демир Хисар

87

Во Домот на културата во Демир Хисар вечерва по 25 јубилеен пат, ќе одржи годишен концерт локалното Културно уметничко друштво „Илинден“.

-Културно уметничкото друштво„ Илинден“ од Демир Хисар по 25 јубилеен пат вечерва ќе одржи Годишен концерт. На вечерашниот концерт нашите играорци ќе ги изведат ората и сплетовите, Копачка, Малешевка, Егеј, Средсело, Црногорка и Битолски игри. Покрај друштвото славеник, на вечерашниот концерт ќе настапи и фолклорната група на Здружението на пензионери од нашиот град, а на ова одбележување ќе присуствуваат и голем број гости од други градови со кои друштвото има повеќегодишна  соработка- вели Златко Бошевски од Домот на културата во Демир Хисар.

Почетокот на концертот е во 19 часот, а цената на влезните билети изнесува 50 денари.

З.А.