Гала оперски концерт и балетот „Болеро“ во НОБ

98

Националната опера и балет в петок со почеток во 19 часот ќе одржи ексклузивен оперски гала концерт, со солистите: Весна Ѓиновска Илкова (сопран), Катерина
Стојановска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор) и Владимир Саздовски (бас), во придружба на оркестарот при Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Во вториот дел, публиката ќе има можност да го проследи балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, подготвена во согласност со препораките на
Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца.

Настапува: Женски балетски ансамбл, Катерина Стојановска – сопран и Оркестарот на Националната опера и балет.
Диригент: Бисера Чадловска, концерт мајстор: Верица Ламбевска, кореограф: Саша Евтимова
Светло дизајн: Милчо Александров.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во строго ограничен број.