Второ издание на Манифестацијата „Демир Хисар сака рокенрол”

79

Овој петок и сабота (18 и 19 октомври) во Демир Хисар ќе се одржи Манифестацијата насловена „Демир Хисар сака рокенрол” која втора година по ред се одржува во Домот на културата „Илинден“.

Првата вечер е планирано дебатно кино со проекција на филмот „Hype“, а дебатата ќе ја води Професор Александар Талевски, професор по гитара во Државното музичко училиште во Битола и активен музичар, член на бендот Supernova.

Втората вечер е резервирана за Рок концерт на кој ќе настапат бендовите Revelation, Supernova, Зашо така и Jam & Jelly.

Зад организацијата на дводневната Манифестација „Демир Хисар сака рокенрол 2“ стои демирхисарскиот рок бенд Revelation, а истата е поддржана од Министерството за култура.