Во Сараево изложба за Скопско кале

89

Во Земаљскиот музеј во Сараево од денеска до 20 јули, Музејот на градот Скопје ќе се претстави со изложбата „Скопската тврдина – симбол на градот“, од авторите Снешка Лакалиска, Драгица Живкова и Игор Кузманоски. Ќе бидат презентирани 110 предмети што отсликуваат различни аспекти од животот на Скопското кале во византискиот и османлискиот период, со акцент на керамичкиот материјал. Изложбата се реализира непосредно по збратимувањето на Скопје и Сараево заради интензивирање и продлабочување на соработката од областа на културата. Истовремено, со „Скопската тврдина – симбол на градот“, Музејот на градот Скопје се вклучува и во одбележувањето на 130-годишнината од основањето на реномираната музејска институција Земаљски музеј.