Во Прилеп по втор пат ќе се одржи манифестацијата „Европски ноќи на музеите“

82

Во организација на НУ „Завод и музеј“ од Прилеп, а по повод Денот на музеите на 18-ти мај во сабота од 18.00 до недела наутро, односно до 06.00 часот, прилепчани и сите љубители на археолошката уметност ќе имаат можност да ги посетат вредностите сместени во шесте прилепски музеи. Токму преку оваа активност граѓаните ќе може да се запознаат со богатото културно наследство, вредности и артефактите.

-Настанот е по повод Денот на музеите, а служи токму за тоа, бидејќи преку него сакаме да го доближиме културното наследство до граѓаните и пошироката јавност- посочува Благоја Атанасоски, директор на Завод и Музеј во Прилеп.

Прилеп располага со извонредни поставки кои што се изложени во пет музеи во градот: Галеријата на икони, Музејот на археолошки артефакти, Меморијалниот музеј – 11 Октомври, Спомен куќата на Кузман Јосифоски-Питу, Музејот на тутун, а наредната недела свечено ќе биде отворен и Лапидариумот, кој и во саботата ќе биде достапен за посетителите.

Покрај бизнис секторот, учениците во основните и средните училишта, свое присуство потврди и градоначалникот Илија Јованоски.

Ка.М.