Во Корча промовирани книги за јазикот и традициите на Македонците во Албанија

275

Во органзација на Македонското друштво „Сонце” а во соработка со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” од Скопје, во албанскиот град Корча, промовирани се четири книги на македонски јазик, поврзани со јазикот и традициите на Македонците во Албанија.

Станува збор за „Говорот на Македонците во Мала Преспа” од Гоце Цветановски, „Голо Брдо” од рускиот автор Андреј Соболев, како и „Записи од мојот крај” и „Поезија и проза од мојот крај” чиј автор е Крисанта Јанкула.

Директорката на Институтот, Елена Јовановска -Груевска  искажа големо задоволство што е меѓу Македонците и најави подршка на вакви и слични иницијативи, кои ги промовираат јазикот и традициите на Македониците во Албанија.

– Огромна благодарост за помошта што Институтот ја даде книгите да го видат светлото на денот. Овие дела се од голема важност за зачувувањето и промовитањето на јазикот, културата и традициите на Македонците во Албанија. Секако ветувањето дека и во иднина ќе објават и други книги за други региони каде што живеат Македонците во Албанија, изјави за МИА, Васил Стерјовски, претседател на друштвото „Сонце“.

Крисанта Јанкула, просветен работник од Мала Преспа, рече дека записите од Преспа почнала да ги собра со цел традициите на Македонците да останат во наследство на другите генерации.

Во својата работа, додаде, голема помош имала и од нејзините ученици, кои помогнале во прибирањето на материјалот со искази на нивните дедовци  и баби.