„Воени кучиња“ го освои првото место на интернационалниот натпревар „Филм конверт“

113

Македонски краток филм „Воени кучиња“, на режисерите Пеце Здравковски и Бојан Соклевски, го освои првото место на интернационалниот натпревар за краткометражни филмови  „Филм конверт“. 

– Наградите се во повеќе категории, а најпрестижна е „пиплс чоис“, која успеавме да ја освоиме. Натпреварот беше отворен за цел свет и учествуваа над 700 учесници – изјави Пеце до следбениците на филмот.

„Филм конверт“ е компанија што произведува софтвер за боење на видео, а поддржана е од повеќе поголеми компании, како „Панасоник“, „Блекмеџик“, „Роуд“, „Атомос“, „Сирп“ и други.

„Воени кучиња“ се снимаше во Битола, кај Музејот на авијацијата. Сценариото и режијата се на Пеце Здравковски и на Бојан Соклевски, а филмската екипа ја сочинуваат: Ѓорги Вацев, Игор Георгиоски, Ристо Алчинов, Христо Стојаноски, Кети Талевска, Христина Тренчевска, Филип Каранфиловски, Христијан и Ангела Српчански и Симона Јосифовска. Улогите ги играат: Алек Ѓорѓиески, Димитар Даневски, Елизабета Јованоска.

С.Ј.