Виртуелно-реална изложба „Мачките низ историјата на уметноста“

97

Нашите мали четириножни пријатели, мачките, отсекогаш биле интригантни: опколени од суеверија, обожавани од Египќаните и славени од поетите низ вековите, а сега се и предмет на своја виртуелно-реална изложба. За време на изолацијата како последица од пандемијата, оваа виртуелна изложба што го прикажува местото на мачките во историјата на уметноста, несомнено, ќе ни ги згрее срцата.

Сега постои можност да уживате во уметнички дела создадени во чест на мачката, без да одите во музеј. Ова е она што Универзалниот музеј на уметноста (УМА) ,во партнерство со РМН – Големата палата во Париз, го нуди со „Мачките во историјата на уметноста“, виртуелно-реална изложба, која може да се посети преку само неколку клика.

Разиграна и поучна, изложбата се навраќа назад во историјата да го проучи местото на мачката во уметноста и нејзините различни симболи што се развивале низ вековите. Како центар во одредена слика или, пак, со своето дискретно присуство во заднината, мачката талка низ многу уметнички дела, од сликата на Жерико до плакатот за кабарето на Рудолф Сали, не заборавајќи на сликите од Антички Египет, каде што таа се сметала за божество.
Оваа интерактивна изложба има за цел да нè научи малку повеќе за нашите многу сакани енигматични домашни пантери.