Византиското пеење влезе на листата на УНЕСКО

203

УНЕСКО го стави на својата листа на нематеријално културно наследство вредното византиско пеење, познатиот музички жанр што датира од почетокот на христијанството и сѐ уште се изведува во православните цркви. Светската организација по овој повод, наведува дека во музиката на Балканот и на источниот Медитеран, каде што и се протегало Византиското Царство, ова пеење се изведува а капела и монофоно, како придружба на литургиските текстови. Развиено е по третиот век од новата ера во Византија, а својот врв го доживува меѓу 13 и 15 век.

Благодарение на усното пренесување и на употребата во православните цркви, таа музика го преживеала падот на Византија под власта на Отоманската Империја, а извршила влијание и на источната народна музика.

– Византиското пеење и народната музика во регионот меѓусебно си влијаеле една на друга, без разлика дали станува збор за балканската, еврејската, арапската, ерменската или сириската – изјавил во оваа пригода Константинос Сијакос, директор на училиштето за византиска и традиционална музика во Каламати, Грција.
Апликацијата ја поднесоа Грција и Кипар, кому ова му е прво културно добро впишано на листата на заштитени нематеријални добра на УНЕСКО.

– Како жива уметност што има досег од 2.000 години, овој музички систем на византиско пеење е значајна културна традиција што води потекло од Византиската Империја – стои во извештајот на УНЕСКО.