Вечер на „Версополис“ на „Струшките вечери на поезија“

104

Во рамките на 58-те „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), свечено отворени завчеравечер, со палење на фестивалскиот оган и меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“, во Струга и денеска ќе продолжи да се слави поезијата.
Денешната програма почнува со меѓународно поетско читање „Матине“, кое почнува во 10 часот, во предворјето на манастирската црква „Св. Богородица“ во Калиштa, со можност организирано да се посетат и локалните пештерски цркви. Во 17 часот ќе се одржи претставување на поетите од платформата „Версополис“, предложени од СВП, во конгресната сала на хотелот „Дрим“, каде што еден час подоцна ќе започне и дебата на тема „Улогата на книжевните списанија во дигиталната ера“. Почетокот на претставувањето на портретот на Моника Херцег, добитничката на наградата „Мостови на Струга“ на СВП и УНЕСКО за 2019 година, е закажан за 21 часот, додека пак од 22 часот на програмата е „Вечер на Версополис“, по што ќе следуваат и поетски читања. За крајот на денот е предвидена и традиционалната „Ноќ без интерпункција“, во фоајето на Центарот за култура.