Вечерва на МТФ „Војдан Чернодрински“ настапуваат Театар Комедија и Aлбанскиот театар

86

Петти ден од 53-то издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“. Во официјалната програма програмата вечерва се настапите на Театарот Комедија од 19.30 со претставата „Дони Дарк“ во режија на Роберт Ристов и Албанскиот театар од 22.00 часот со „Жените“ во режија на Ќендрим Ријани.

На полноќ во придружната програма Драмскиот театар ќе ја прикаже „Партија реми“ во режија на Виолета Џолева.

Инаку, досега во официјалната конкуренција на фестивалот, беа прикажани седум претстави.

Жирито во состав Мими Таневска, Драган Спасов Дац и Јасна Новаков во петок ќе ги соопшти наградите.

Ка.М.