Вечерва на МТФ „Војдан Чернодрински“ претставите „Тоалет за дами“ и „Лет над кукавичјото гнездо“

89

МТФ „Војдан Чернодрински“ влегува во својата завршница. Вечерва е претпоследната вечер во официјална програма, а ќе бидат изведени две претстави.

Од 19.30 часот ќе се претстави Велешкиот театар со „Тоалет за дами“ во режија на Деан Дамјановски, додека од 22.00 часот Драмскиот театар Скопје ќе ја изведе „Лет над кукавичјото гнездо“ во режија на Ристо Алексовски.

Денес напладне во рамките на фестивалот беше промовирана книгата „Во четири очи“ од Борче Грозданов, во која се објавени 28 интервјуа од македонски и светски доајени во театарот.

Ка.М.