Благоја Куновски-Доре на чело на жирито во Москва

58

Филмскиот критичар и уметнички директор на фестивалот „Браќа Манаки“, Благоја Куновски-Доре, од 18 до 26 април, кога ќе се одржува 41-то издание на Интернационалниот филмски фестивал во Москва, по предлог од генералниот секретар Клаус Едер, ќе претседава со жирито на филмската критика ФИПРЕСЦИ. Ова на Куновски ќе му биде едно од најголемите признанија бидејќи ќе претседава со жирито на критиката на еден од 10-те најголеми светски филмски фестивали. Досега Куновски бил претседател на жиријата на ФИПРЕСЦИ на фестивалите во Истанбул, Ротердам, Гетеборг, Стокхолм, Женева, Бидгошч.