Биљана Стојановска номинирана за наградата „Браќа Миладиновци“

103
Фото: Дарко Андоновски

Биљана Стојановска е номинирана за годинашната награда „Браќа Миладиновци“, за книгата „Стан што се распаѓа“, во рамки на 58-те „Струшки вечери на поезијата“.

Авторката и новинарка на „Нова Македонија“ е меѓу петтемината номинирани заедно со Митко Гогов за „Скриено писмо“, Јовица Ивановски за книгата „Човек“, Наташа Сарџоска за „Крстна коска“ и Катица Ќулафкова за „Мои страсти, мои страданија“.

Промоцијата, односно поетското читање за кандидатите за наградата „Браќа Миладиновци“ се одржа синоќа, по поетскиот портрет посветен на Зоран Анчевски, минатогодишниот добитник на признанието за стихозбирката „Небесна пантомима”.

Добитникот на престижната награда ќе биде соопштен утре.