Бесплатна проекција на „Д веј од клаве“ во рамките на „Македокс“

59

 

Во рамките на фестивалот „Македокс“, вечерва во „Кино култура“, со почеток во 20 часот, ќе се одржи бесплатна проекција на документарниот филм „Д веј оф клаве“. Станува збор за приказна за танчари и музичари од различни страни на светот, кои се сплотуваат преку универзалниот ритам – клаве, раскажана преку ликот на Техамана, која преку оваа можност го бара патот за назад до она што била нејзината суштина – музиката.

Филмот ја прикажува осуммесечната културна размена помеѓу филмски творци од „Македокс“, ромски музичари и главните танчари од „Далас блек денс театар“ од САД. Ја следи нивната креативност и интеракциите во двете земји, додека тие учат за афро-американската историја и танц, како за македонското и ромското наследство и музика. Проекцијата ќе биде симултана со проекција во Далас.