Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа, SEE a Paris (www.seeaparis.com), што во Париз, се одджува од 2011 година, под покровителство на Министерство за култура на Франција, во Берлин од 2015 година на Универзитетот Хумболт, а од 2020 година, и во САД, во соработка со Американскиот Универзитет во Вашингтон, од оваа година преку победниците во трите светски центри а под наслов „Балканофилмофилија“ ке биде прикажан пред публиките на повеќе балкански центри, почнувајки од Скопје на 1,2 и 3 октомври во Кинотека на Македонија.
За фестивалот пишувале водечки европски весници (Монд, Гардијан, Франкфуртер алгемајне цајтунг, Стандард и други), а најтиражниот француски неделник Телерама во својот опсежен приказ со наслов „Фестивал што со филм го пацифизира Балканот“ ја даде вистинската димензија на мисијата на оваа манифестација, која повеќе од една деценија е отворен прозорец за афирмација на новите филмски имиња во долгометражниот, краткиот, документарниот и анимираниот филм.
Во досегашната историја на фестивалот се прикажани над двесте играни и над четиристотини документарни, кратки и анимирани филмови.
Покрај редовната селекција во која учествуваат врвни имиња од филмската уметност на земјите на Југоисточна Европа, фестивалот ги вреднува со награди за животно дело филмските легенди во областа на режијата, како што се Вељко Булјаиќ, Душан Макавеев, Лучијан Пинтилие, Боро Драшковиќ, Кујтим Часку и легендарните актери и актерки, Мики Манојловиќ, Цветана Манева, Мето Јовановски, Арта Доброши, Раде Шербеџија, Милена Зупанчич …чии што портрети се прикажуваат пред публиката во трите светски центри.
По презентацијата во Скопје, „Балканофилмофилија“ ќе продолжи во Подгорица,Тирана, Белград, Софија, Букурешт.. низ геслото „Балканот е срцето на Европа“.