Балканска изложба „Мост“ во КИЦ

135

На 14 февруари, со почеток во 20 часот, во културно-информативниот центар „Скопје“, во изложбените салони „Империјал 1 и 2“, ќе се отвори шестата по ред мeѓународна балканска изложба „Мост“. Изложбата традиционално се организира во соработка со академик Фехим Хускивиќ, сликар, графичар и професор на Академијата за ликовни уметности во Скопје, и КИЦ-Скопје.

Ќе бидат изложени дела од ликовни уметници од Македонија, Србија, Црна Гора и од Турција. Изложбата ќе биде отворена до 28 февруари.