„Балетски бисери“ в петок во Националната опера и балет

135

Националната опера и балет на 29.1.2021 (петок) со почеток во 20 часот Ви го најавува балетскиот концерт насловен „Балетски бисери“ кој ќе ги опфати најубавите балетски дела, „Бајадера“, „Рајмонда“, „Силфида“ итн.

Настапуваат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет. Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Задолжително е носење на заштитна маска. Ве молиме, почитувајте ги мерките за заштита. Билетите се во строго ограничен број.