Балетот „Ана Каренина“ на сцената на МОБ

111

Балетот во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски ќе се одигра на сцената на МОБ, на 22 февруари, со почеток во 20 часот. Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичката, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, на сцената на Македонската опера и балет ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.

Во повеќе од два часа, балетските уметници на МОБ, на чело со впечатливиот, емотивен до исцрпување танц и инспиративните движења на Марија Кичевска Шокаровска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин, Христина Накевска како Кити, ќе ги пренесат сите емоции што го означуваат ова дело: љубов, страст.