Афористичарот Миле Ѓорѓијоски на 33-те „Денови на сатирата“ во Плевље

34

Нашиот најпознат афористичар, Миле Ѓорѓијоски, по третпат ќе земе учество на деновите на сатирата „Вук Безаревиќ“, што од  денес до 21 јуни ќе се одржат во Плевље, Црна Гора. Покрај Миле Ѓорѓијоски, на деновите на сатирата во Црна Гора, ќе настапи уште еден наш познат афористичар, Васил Толески. И двајцата ќе настапат на завршната, свечена вечер.

– Годинава по третпат ќе бидам дел од деновите на хуморот и сатирата „Вук Безаревиќ“ што по триесетитрети пат ќе се одржат во Плевље, Црна Гора. Традиционално на овој фестивал на хуморот и сатирата учествуваат голем број афористичари од повеќето балкански земји, а од нашата земја, заедно со мене ќе учествува и колегата Васил Толески. Нашиот настап ќе се случи на 21 јуни, кога на програмата е свечената вечер на трисетитретите денови на хуморот и сатирата. Секој од учесниците ќе се претстави со 20 афоризми. Јас ќе се потрудам учеството на овие денови на сатирата да го валоризирам и со некоја награда, како што тоа беше случајот и со наградите добиени на настапите  на ИФАК во Струмица и наградата на Фестивалот на хуморот и сатирата во Раковица, Србија и многу други – истакна Ѓорѓијоски, високо вреднуван на полето на хуморот и сатирата во повеќето балкански земји. З.А.