Археопаркот „Бразда“ повторно актуелен

119

ПН Утре на локалитетот на паркот ќе се прикаже документарец, а ќе биде отворена и изложба за владетелската гробница
Во археопаркот „Бразда“ во близината на Скопје утре со почеток во 17 часот ќе се одбележува Европската година на културното наследство во организација на Институтот за археолошки истражувања. Предвидено е прикажување документарен филм за самиот локалитет и за неговото значење, како и отворање изложба на фотографии под наслов „Владетелската гробница од пронаоѓањето до денес“. Станува збор за некои од активностите наменети за различни целни групи во рамките на проектот со наслов „Промоција на владетелската гробница на археолошкиот локалитет Градиште-Бразда“, кој е еден од 12-те проекти финансирани од Делегацијата на ЕУ во рамките на повикот за предлози за посоченото одбележување.
Главна цел на проектот е да се издигне свеста кај локалното население за значењето на културното наследство, но и да се поттикнат луѓето да учествуваат во заштитата и одржувањето на археопаркот во иднина. Споменатите активности се поддржани и од ЕУ-инфоцентарот, во соработка со Археолошкиот музеј на Македонија, чиј директор, Горан Санев како и Радомир Ивановиќ и Елена Каранфиловска од Институтот за археолошки истражувања, ќе говорат на одбележувањето.