„Апнеја“ од Италијанецот Лоренцо Амури на македонски

163

Издавачката куќа „Антолог“ го најавува објавувањето на романот „Апнеја“ од италијанскиот писател Лоренцо Амури, кој ги раскажува своите вистински доживувања по скијачката несреќа, од која останал речиси целосно парализиран. Романот бил финалист за највисоката италијанска награда „Стрега“ во 2013 година, а во 2015 година ја добил и Наградата за литература на Европската Унија. Преводот на македонски е на Калина Јанева.

На самиот почеток на „Апнеја“ (2013) го среќаваме младиот Лоренцо со лицето нурнато во мекиот јануарски снег, има вртоглавица и не може да дише. По удар во столб од жичница, останува квадриплегичар и животот му се превртува наопаку. „Апнеја“ раскажува за болката луцидно, без мелодраматични тонови, а на моменти дури и изнудува насмевки.