„Андерфест“ ги најави музичките изведувачи за оваа година

28

Скопје и оваа година ќе биде домаќин на музичкиот фестивал – „Андерфест“. Прогресивниот, музички фестивал оваа година ќе понуди дводневно комплетно уживање и ќе се одржи на 3ти и 4-ти април 2020 година, во поткровјето на „Паблик Рум“, во Скопје, а влезот за двата фестивалски денови ќе биде бесплатен. Долгоочекуваното второ издание на „Андерфест“ ќе се одржи првиот викенд во април и на него ќе земат учество повеќе бендови кои ќе се претстават со својата авторска музика.

Првиот ден на 3 април ќе настапи алтернативната група Cruel од Скопје, Фосфен од Битола, групата Fiction од Скопје, High Voltage од Охрид, како и еден од најпопуларните рапери во моментов од нашата држава Матеј Фолц. Главни изведувачи на вечерта ќе бидат добро познатите Културно уметнички работници. Вториот ден честа да свират на сцената ќе ја имаат Sincrest од Кичево, The Chicks – девојките од Велес, Hood, Пепел, Reinconnected. Главни
изведувачи на вечерта ќе бидат Паркети од Битола.

Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во македонската музика од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која и овој пат се очекува да покаже дека е одлична и навистина има што да покаже.Настанот го покрива Министерството за Култура, Град Скопје, Jameson и Celia.