Албанскиот театар настапува со „Смртта на Дантон“

264

Во рамките на МТФ „Војдан Чернодрински“ денеска беа промовирани неколку изданија од нова театарска и театролошка литература. Пред посетителите беа претставени драмата „Вероника самрак“, театарските есеи „Децата на Мнемосина“ од Ацо Гогов и „Во четири очи“ книга со интервјуа од Борче Грозданов.

Најмалите имаа можност да ја проследат изведбата на претставата „Том Соер“ во режија на Деан Дамјановски на Театарот за деца и младинци – Скопје.

Вечерва од 19.30 часот во официјалната конкуренција настапува Албанскиот театар и ќе ја прикаже претставата „Смртта на Дантон“ од Георг Бихнер, во режија на Дино Мустафиќ. Во придружната програма од 23 часот е настапот на Турски театар
со „Ана и Хана“ – режија Драгана Гунин.

Ка.М.