Актерката Катрин Денев добитник на престижна јапонска награда

117

Француската глумица Катрин Денев ја доби најпрестижната јапонска награда за уметност, „Премиум имперале“, за нејзините успеси во областа на филмот и театарот. Свечената церемонија се одржа во Токио.

Славната актерка ја поздрави и јапонскиот цар Акихито кому ова му е последна година на престолот, оти во април следната година ќе абдицира.

Во својата 60-годишна кариера, Денев имаше над 100 филмски улоги, а моментно во Париз работи на филм на јапонскиот режисер Хироказу Корида.