Остинати огништа по села и градови

1914
Лерин, 1920 година

Во спогодбата потпишана на 27 ноември 1919 година, во чл. 56, беше предвидено да се направи доброволна размена на населението меѓу Бугарија и Грција. Така, во двете насоки, илјадници луѓе си ги смениле своите огништа. Под незапамтен терор, илјадници македонски семејства биле принудени да си ги напуштат сопствените прадедовски огништа

„Нова Македонија“ во неколку продолженија ќе објави извадоци од книгата „Македонија не е Грција“ од турскиот автор Ердоган Ознал. Книгата е напишана врз основа на голем број користени документи од турските архиви, a објавена во Истанбул

Каде отиде македонскиот народ во Грција и што стана со него?
Како можеше еден милионски народ се избрише со молив? За таа цел ќе фрлиме еден поглед кон тоа да видиме што доживеа македонскиот народ и што стана со него. По балканските војни и на крајот од Првата светска војна, Македонија се дели на три дела, и тоа: на Грција, Србија и на Бугарија. И тогаш со несмислена жестина и со тортура се нафрлаат кон асимилација како на турското, така и на македонското население. Во Грција, раководните луѓе почнаа да тврдат дека македонската нација не постои, а има само една област што се вика Македонија. Така, на Македонците им се врши пресија за иселување, а на нивните оставени имоти се населуваат Грци.

Само од 1913 до 1928 година во егејскиот дел на Македонија се населени 53.056 Грци.
Тие се донесени од следните краишта на Грција
околии БРОЈ ПРОЦЕНТ Тесалонија 11.346 21,39 Стара Грција и Еуба 9.752 1,39 Пелопонез 7.727 14,15 Епир 6.757 12,73 Егејски острови 6.764 10,86 Западна Тракија 5.764 10.86 Гренланд 3.360 6,33 Јонски острови 1.766 3,32 Киклади 1.234 2,32 Вкупно: 53.056 100%

ОТКОРНАТИ

Во спогодбата потпишана на 27 ноември 1919 година, во чл. 56, беше предвидено да се направи доброволна размена на населението меѓу Бугарија и Грција. Така, во двете насоки илјадници луѓе си ги смениле своите огништа. Под незапамтен терор, илјадници македонски семејства биле принудени да си ги напуштат сопствените прадедовски огништа. Ете така голем дел македонски семејства под присила и терор на грчката полиција ги оставиле своите куќи и своите имоти, на кои веќе никогаш и не се вратиле, и се иселиле во Бугарија. А на нивните имоти веднаш се донесени Грци. Таблата што се приложува покажува по колку Грци се вселени во секоја околија.
По колку Грци се вселени во секоја околија.
Околија број процент Солун 26.324 44,6 Кавала 7.610 14.3 Драма 4.830 9,1 Серес 4.178 8.0 Кожани 3.877 7.3 Лерин 1.777 3,3 Пела 1.544 3.0 Халкидики 1.611 3,0 Ајкарус 1.295 2.4 Вгано 53.056 100% Од 1913 до 1928 година во Бугарија присилно се иселени Македонци принудени да си ги напуштат сопствените прадедовски огништа.

Околија
број процент Солун 26.324 44,6 Кавала 7.610 14.3 Драма 4.830 9,1 Серес 4.178 8.0 Кожани 3.877 7.3 Лерин 1.777 3,3 Пела 1.544 3.0 Халкидики 1.611 3,0 Ајкарус 1.295 2.4 Вгано 53.056 100% Од 1913 до 1928 година во Бугарија присилно се иселени
Македонци, по области:
Кукуш 18.989
Зрнев 11.404
Демир Хисар 10.576
Солун 7.285
Ениџе Вардар 7.257
Грумен 5.195
Драма 4.233
Кесрије 3.577
Околија на Солун 1.782
Лерин 1.676
Околија на Лагадин 1.581
Зрнес 1.442
Меглен 1.233
Воден 449
Кајалар 381
Нигрит 326
Бер 114
Од југ 285
Вкупно 86.582

Иако раководните луѓе на Грција презедоа репресивни мерки за истерување на Македонците, во западниот дел на Егејска Македонија, и тоа околу Воден, Лерин и сл, не успеаја да ги истераат сите Македонци. Во весникот „Напредок“, кој излегувал во Солун, а се печател на француски јазик, во бројот што излезе на 26 октомври 1926 година се констатира дека егејскиот дел на Македонија целосно се погрчил. Во големата Енциклопедија на Грција, на страницата 410, се вели: „Со вселување на Грците што се иселија од Турција во егејскиот дел на Македонија извршивме еден голем патриотски долг“. Бидејќи не успеа да го скрие постоењето на македонската нација, Грција почна да ги именува Македонците како „булгарофони“ или „славофони“.Тие што ги викаат „булгарофони“ велат дека се Грци што говорат бугарски.
А, пак, „славофоните“ се Грци што говорат словенски.

ПРЕЗЕМЕНИ МЕРКИ ПО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

По Првата светска војна на Македонците им го дадоа името „славомакедонци“.
Во 1918 година познатиот грчки научник Г. Сотеријадис, подготвувајќи ја етничката карта на Македонија, Македонците ги нарекол „македонословени“. Така, не се воздржал да каже дека Македонците не се ни Бугари ни Грци. Ја имале наставката „ски“, но морале да ги земаат грчките наставки „ос“, „ес“ или „пулос“. Така, наместо „Гоце Димоски“, тој бил присилен да стане „Гоцеус Димосис“ или „Симосидис“. Презимињата Попов станале Пападопулос. Во 1959 година од егејскиот дел на Македонија, во Канада – Торонто, Австралија – Мелбурн, Сиднеј и во САД – Државата Индијана, многу Македонци се иселени и оттаму громогласно на светот му кажуваат и велат дека „со јазикот, со битието, со знамето и со културата ние сме Македонци“.

Меѓу 30 јуни и 3 јули 1988 година во Скопје од целиот свет се собраа „децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. Еве, тие деца, денес возрасни луѓе со обелени коси, посакаа да одат во Грција за да ги видат своите роднини и пријатели. Иако тие сега се граѓани на Австралија, на Канада, на Америка и на други држави, Грците не им дозволија да влезат во Грција. Така, и со овој пример Грција ја покажаа сопствената фобија спрема Македонците. Со овој нивен гест се запозна целиот свет.
Новинарот Туркмен Парлак од Измир, во своето дело „Годините во Солун“, кажува дека во Солун е формиран Институт за проучување на македонското прашање. Зградата во која е сместен овој институт се наоѓа спроти Бејас Куле. Целата била покриена со мермер. Во Солун, односно во цела Грција, нема институција што е сместена во таква раскошна палата.

(Продолжува)