Македонци или Бугари?

540
Прилог: Факсимил од оригиналниот бугарски јазик

КОЈ КРАДЕ ИСТОРИЈА (4)?

Грција ни ги оспорува името и античката историја, но прифаќа дека сме Македонци од словенско потекло доселени во VII век.
Бугарите се уште поригидни. Тие ни ги оспоруваат идентитетот и средновековната историја. Нивните врвни историчари и политичари се децидни: „До 1944 г. нема Македонци ниту македонски јазик, а од 1944 г. ние за нив сме измислица на Тито и Коминтерната“. Бугарите без срам и перде ни се закануваат дека ќе нѐ блокираат на патот кон ЕУ ако не прифатиме дека сме Бугари со целокупната историја и историски личности. Каракачанов и Захариева се децидни: „Како Македонци со македонски јазик не можеме во ЕУ“. Од јасно појасно, а ние сѐ уште се занесуваме дека со договорот за добрососедство се решени сите меѓусебни спорни прашања. Така велат бугарските историчари и политичари. Но да видиме што велат за тоа историските факти од средниот и новиот век. Македонците не се и никако не можат да бидат Бугари. Ќе набројам зошто:

Македонците и Бугарите се два сосема различни народи. Ние сме народ од белата раса, а Бугарите се народ од Азија од жолтата раса, од татаромонголско потекло, со жолт тен и коси очи. Бугарската наука не го оспорува овој факт. Напротив, во 1997 г. го прогласија ханот Аспарух за најголемиот Бугарин во историјата, а бугарскиот историчар Чудомир Чернев 1993 г. пишува дека Бугарите и Татарите се еден народ.
Генетиката исто така потврдува дека Македонците се различен народ од Бугарите. Се разбира, ова не се однесува на бугарските жители од белата раса, кои беа окупирани во VII век од Аспаруховите Бугари.
Сосема сме различни и по фолклорот, музиката и етнологијата воопшто. Во РМ до денес не е забележана ниту една песна за бугарските ханови Аспарух, Телец, Омуртак…

Македонскиот и бугарскиот се два сосема различни јазици. Самите бугарски историчари велат дека кога тие дошле во VII век од Татаристан се измешале со староседелците Словени. Притоа велат дека го дале името Бугарија и Бугари, а го зеле јазикот од староседелците. Во овој дел сосема се согласувам. Имаа моќ, беа окупатори и со сила го наметнаа бугарското име, но истите тие окупирани Словени јазично и културно ги асимилираа своите окупатори, наметнувајќи им го својот словенски јазик, затоа што беа на многу повисок степен на културен и цивилизациски развој.
За ова постојат недвосмислени докази. Денес во Татаристан мнозинско население се Бугарите. Таа област во науката е позната како Голема Бугарија, а оваа на Балканот е Мала Бугарија. Рускиот научник од бугарско потекло А. Х. Халиков, напиша книга „Што сме ние Бугари или Татари“ двојазично, на оригинален бугарски и руски јазик. Во продолжение има извадок од таа книга.

Прилог: Факсимил од оригиналниот бугарски јазик
Интересно, од овој дел ниту еден Бугарин не може да преведе ниту два збора. Што ова значи? Дојденците Бугари го оставија својот мајчин јазик во Татаристан, а го зедоа јазикот на окупираните Словени. Со други зборови, денес во Бугарија не се зборува бугарски јазик туку некој словенски. Бугарската наука треба да каже кој словенски јазик го зборуваат и од кого го зеле. Најблиски им се македонскиот и српскиот. Каков апсурд!? Самите кажуваат дека го напуштиле својот изворен бугарски јазик, а од нас бараат да признаеме дека сме Бугари со бугарски јазик. Затоа би им препорачал наместо од нас да бараат, самите нека се освестат и нека се запрашаат што се. Имаат и причина за тоа, затоа што денес во Бугарија мнозинство жители се од белата, а не од жолтата раса. Типичен пример на овој апсурд е вицепремиерот Каракачанов. Го гледам во интервју на Канал 5 револтиран што некој го нарекувал Татарин, прашува: „Ви личам ли јас на Татарин?“ Морам да кажам дека првпат се согласувам со него. Гледајќи го со бел тен, руси коси и сини очи и мене не ми личи на Татарин. Сепак, неоспорно е дека Аспаруховите Бугари се од татаромонголско потекло. Затоа овој господин време е сам да се запраша што е.
Бугарската наука вели дека кога дошле Бугарите се измешале со Словените и така слеани во еден нов етникум живееле во соживот. Но средновековните извори и првиот попис во Бугарија од 1880 г. велат нешто сосема друго:
Бугарскиот историчар Станимиров во „Историја на бугарската црква“ цитирајќи го Теофилакт Охридски вели: „Кога дошле Бугарите ја опустошиле сета земја, разрушиле храмови и сето население го третирале како робови“.

Бугарскиот професор Златарски: „Во VIII век во време на ханот Телец избегале 208.000 Словени.“
В. Бешевалиев во „Првобугарски натписи“ во Софија 1935 г. го цитира чаталарскиот натпис од времето на ханот Омуртак (816-831г.) и вели: „Тој Омуртак ја поведе целата бугарска војска против Словените да ги бие сѐ додека свети сонцето и тече реката Тича“.
Арапскиот писател Ибн Дасто: „Бугарите продавале млади словенски момчиња и девојки како робови“.

Јосиф Генезиј: „Ханот Омуртак ѝ помогна на Византија да го задуши востанието на Тома Словенинот (821-823 г.), на тој начин што го нападнал од зад грб, го фатил и го обесил откако претходно му ги отсекол рацете и нозете“.
Дали овие податоци зборуваат за соживот и мешање на народите или за нешто друго, оценете сами. Најголем доказ дека нема мешање и соживот сепак е првиот попис во Бугарија во 1880 г., од кој се гледа дека таму каде што дојдоа Старобугарите (во Северозападна Бугарија) 680 г., таму ги најдоа на првиот попис. Во некои населени места беа и над 95 отсто. Овие податоци се од книгата на софискиот професор Ѓорѓи Радуле „Кој фалсификува историја“.
Во Македонија никогаш не се доселиле Бугари. Бугарите тврдат дека во Македонија наводно се доселиле Бугари на чело со Кувер (братот на Аспарух), па затоа тврдат дека сме Бугари. Како доказ ја цитираат книгата „Чудата на Свети Димитрија“. Но ако внимателно се прочита оваа книга во делот II-5 ќе видите дека Кувер со своите Бугари преку Панонија навистина дошол во Македонија, но моќната византиска дипломатија и разузнавање го разбрала тоа и кога се доближиле до Солун ги товариле на бродови и ги однеле во Константинопол и во други градови. Ова е прецизно напишано во оваа книга, затоа денес во Македонија нема луѓе од татаромонголски тип.

Бугарите сакаат да ги присвојат најголемите синови на македонската историја. И во овој случај фактите зборуваат нешто сосема друго:
Кирил и Методиј се најучените луѓе во Византија. Нивната Моравска мисија е антибугарски чин. Тие се од Солун, а Јован Каменијат во својата книга „За заземањето на градот Солун“ 904 г. вели дека Солун е најголемиот и најубавиот град на Македонците. Бугарите никогаш не влегле во Солун.
Свети Климент не е пратен од Бугарите во Македонија. Тој е „избркан“ од таму. Причината е едноставна, неговата кирилица не е прифатена од Бугарите. Погледнете ги печатите и преписките на царот Симеон и трновскиот поглавар и ќе ви стане јасно.
Самуил, синот на Никола, не можел да биде Бугарин. Тој е Македонец, а Бугарите администрирале со Македонија како награда од Византија за тоа што го примиле христијанството од Константинопол. Тој кренал востание против бугарската власт. Создал нова држава со нов државен, политички, културен и црковен центар – Охрид и оттаму ја бранел државата. Забуните во именувањето доаѓаат од тематското уредување на Византија. Имено, Византија била поделена на воено-административни области т.н. теми. Денешна Тракија била именувана како тема Македонија, а Македонија била именувана како тема Бугарија. Ова денес го користат Бугарите без основа да ја присвојуваат Македонија.

За револуционерите и преродбеници од XIX и XX век, пред да ги присвојат Бугарите треба да се запрашаат за кои идеи и за чие ослободување се бореа тие. Треба да се запрашаат и тоа дали им било дозволено да се изјаснуваат како Македонци.
На крајот од овој дел морам да кажам дека ние во континуитет го носиме името Македонци, со милениуми пред доаѓањето на Бугарите. За разлика од нас, Бугарите до средината на XIX век немаа бугарска самосвест и не се срамат да го признаат тоа. Се декларираа за сѐ и сешто само не за Бугари. Дури и првиот бугарски преродбеник Априлов се декларираше како Грк. Затоа отец Паисај во својата „Славјано б’лгарска историја“ ќе извика „Б’лгарине зошто се срамуваш да бидеш Б’лгарин?“ Затоа првиот бугарски претседател Станишев ќе изјави: „Ние Бугарите секогаш имаме два коња“ (германскиот и рускиот). Кога им требаше да им се додворуваат на Германците се декларираа како Татари, а кога требаше да им се додворуваат на Русите се декларираа како Словени.
Јас денес ги разбирам Бугарите зошто ги присвојуваат Македонците и нивната историја. Ако ги исфрлат, од бугарската историја ќе им остане само чаталарскиот натпис, дружбата со фашистите во Прва и Втора светска војна и холокаустот над Евреите. Сепак, нема потреба Бугарите да се срамат од погубните политики на нивните предци. Да се биде коњ или магаре не зависи од желбите туку од судбината.
Ова се фактите, а читателот и во овој случај нека оцени кој краде историја.

Љубе Христовски
(Дардан Венетски)
ПРОДОЛЖУВА…