Измислена закана

1365
Воден, денес

„Нова Македонија“ во неколку продолженија ќе објави извадоци од книгата „Македонија не е Грција“ од турскиот автор Ердоган Ознал. Книгата е напишана врз основа на голем број користени документи од турските архиви, a објавена во Истанбул

До 1988 година постоеше „Северна Грчка Губернија“ со свој гувернер. На 19 септември 1988 година ова име е заменето со името „Македонско-тракиска Губернија“ со својот гувернер Стелиос Папатемелис, кој со голема радост прифати на неговата губернија да ѝ се промени името

Македонија никогаш не била, ниту пак ќе биде закана на Грција. Иако Грција тврди дека Македонија со ова име спрема неа има територијални претензии, тоа е една голема лага што Грција ја користи во светот. За да ги излаже светот и сопствениот народ, раководството на Грција кон границата на Македонија по осамостојувањето испрати 35.000 војници, а според пишувањето на „Дејли телеграф“, дури 60.000 војници се наоѓале на границата со Македонија. Војската се држела под висока борбена готовност. Преку некои извори добиените сознанија говорат дека рокот за служење во грчката армија им бил продолжен за четири месеци на оние војници што се наоѓаат на грчко- македонската граница.
Со разни провокации Грција настојуваше да го наруши мирот на границата со Македонија. Во 1992 година Грција организира воена вежба на границата со Македонија. Тие војници биле подготвени да се борат против две дивизии македонска војска.

Како може Република Македонија со своето двомилионско население, како сиромашна европска земја, со армија од 6.000 војници, која има само пушки и пиштоли, да биде закана за Грција, која има пет пати повеќе население со 25 пати поголема армија опремена со топови, авиони, тенкови и сл. Ете ја големата лага на Грција, на чие тврдење освен самата Грција во светот нема друга држава што ѝ верува.
Михалис Папаконстантину – министер за надворешни работи на Грција, кога бил прашан како може Македонија онаква каква што е да биде опасност за Грција. Тој одговорил: „Со воена сила не е, но со политичка е. Впрочем сегашнината не ја гледате имајте ја предвид утрешнината“. Наведениот одговор е далеку од реалноста и несфатлив за здрав разум.

Серес, денес

Инаку, треба да се има предвид дека сите мерки што ги презема Грција против Македонија се кријат во желбата што вешто се камуфлира пред светската јавност, за создавање голема Грција. Многу земји веќе почнаа таа нејзина желба да ја насетуваат и за таа цел се оддалечуваат од Грција.

ГРЦИЈА ГО ЛАЖЕ БАЛКАНОТ

Синдромот за уплав, односно дека постои закана за Грција од Турција, Македонија, Албанија, дури и од Косово, е еден интересен пример што говори дека раководните луѓе во Грција за да опстанат не избираат средства со кои сопствениот народ ќе го држат под опсесија дека над Грција е надвисната закана. Инаку, ваквата политика и ширењето лажни пароли дека спрема Грција скоро сите имаат територијални претензии е широко развиена. Всушност, не е закана за Грција туку ширењето на тие лажни верзии е закана за целиот Балкански Полуостров.

Зад прашањето „што со Македонија“ – всушност се кријат грчките аспирации за проширување на сопствените граници. За да ја разобличиме грчката „мегали идеја“ ќе треба да фрлиме еден поглед кон соседите на Грција: Турција, Македонија, Бугарија, како и за одреден однос кон Власите, со Романија.

АСПИРАЦИИТЕ НА ГРЦИЈА СПРЕМА ТУРЦИЈА И ДРУГИТЕ

Без да ја почитува меѓународната спогодба засилено ги вооружува островите во Егејот, илегално го проширува воздушниот простор за околу 10 милји. Тврди дека 49 отсто од меѓународните води во Егејско Море се нејзини. Тврди, исто така, дека и спрема Истанбул и Измир има историски права. Тврди, исто така, дека Кипар е грчки. Исто така дека и Западна Анадолија е грчка и сл.

Понатаму тврди дека грчкото малцинство во Бугарија е под посебен притисок и под пресија на бугарската власт. Остро ѝ забележа на Бугарија кога ја призна Македонија.
Во 1913 година со Спогодбата потпишана во Лондон, Јужен Епир (Јанина), со над 200.000 Албанци е составен со Грција. Со нечовечки тортури и со притисоци направи добар дел од тие Албанци да се иселат. Инаку и денес поради Северен Епир, односно Јужен Епир на Албанија е грчки и истиот тој треба да се спои кон матичната татковина Грција. На тврдењето на Романија дека во Грција живеат 1.500.000 Власи, Грците одговараат дека во Грција нема друг народ освен грчкиот.

ГРЧКИТЕ АСПИРАЦИИ КОН МАКЕДОНИЈА

За реализација на „мегали идејата“ Грција тврди.
Прво, целиот народ што денес живее во Грција се Грци. Второ, во грчките територии, кои не се во составот на денешна Грција туку се под туѓа, односно друга власт (се мисли на целата империја на Александар Македонски), живеат Грци. Трето, напуштајќи ја својата татковина во САД и во Австралија живеат огромен број Грци.
Грција, бидејќи си зема слобода целата територија на империјата на големиот Александар да ја прикаже како сопствена во тој контекст треба да се анализира и да се согледа каков е и односот кон Македонија.

Какви се аспирациите на Грција спрема Македонија ќе согледате од неколкуте примери што ќе ги наведеме подолу.
До 1988 година постоеше „Северна Грчка Губернија“ со свој гувернер. На 19 септември 1988 година ова име е заменето со името „Македонско-тракиска Губернија“ со својот гувернер Стелиос Папатемелис, кој со голема радост прифати на неговата губернија да ѝ се промени името.
Грција ја прифати идејата на српскиот лидер Слободан Милошевиќ за формирање една конфедерација. При формирањето на сојузната држава Југославија во април 1992 година, на прославата беше присутен и претставник на Грција. Постојат сериозни тврдења и докази дека грчкиот премиер Мицотакис на Србија, Албанија и на Бугарија односно при средбата со нивните лидери предлагал Република Македонија да се подели меѓу нив.

Тврдејќи дека постои можност војната да се прошири во Косово и во Македонија. Грција нуди свои услови со скриена желба со отстранување на коската што ѝ застана во грлото по прашањето за Македонија. За да се освои Македонија, сценариото за поделба на истата таа Македонија, меѓу Грција, Албанија, Србија и Бугарија почна да се разобличува. Раководните луѓе на Грција со сите сили се потрудија да го распалат грчкото националистичко огниште. Така, во Атина еден милион и триста илјади луѓе демонстрираа со паролата „Македонија е Грчка“.

МИРОВНИЦИ ВО МИРНА ЗЕМЈА

Во историјата на Обединетите нации се случи првпат во област каде што е мирно да се испратат мировници за зачувување на мирот. Такви мировници беа испратени во Република Македонија. Така, во Македонија беа стигнати 700 војници и воени посматрачи и 26 полицајци. Задачата на сите им беше да ја зачуваат Македонија од евентуалната грчка агресија. На 28 ноември 1992 година по одлуката на Советот за безбедност на Обединети нации во Македонија е испратено четиринаесетчлено тело под раководството на Американецот бригадниот генерал Пелмас, кој рече: „Обединетите нации во Македонија ја испратија нашата група за да ги следиме активностите на Србија и на Грција и доколку осознаеме дека има некои намери од агресија да ги спречиме“. Ете дури Обединетите нации знаат дека Грција има територијални претензии кон Македонија.

За посетата на Киро Глигоров на Турција и Грција беа забележани големи реакции. Се поставува прашањето, дали лидерите на одделни држави на Балканот за да посетат друга држава треба да бараат одобрение од Грција.
Грција во врска со Македонија вели: Македонија ни се заканува. Моето име го присвојува. На наши територии сака да формира големо македонска држава. Името не си го менува. Уставот не си го менува.

(Продолжува)