Британската писателка Џ. К. Роулинг го пишува сценариото за третиот од засега планираните пет филма од приказната „Фантастични ѕверки“, којашто всушност е претпродолжение на светски популарниот серијал книги „Хари Потер“.

– Штотуку го завршив мојот последен роман, а сега го пишувам сценариото за „Фантастични ѕверки 3“. Ворнер Брос, како и режисерот Дејвид Гејтс секогаш слушаат што имам да кажам, иако тоа не мора да биде последниот збор. Сето тоа е колективна работа- изјави  Роулинг

Премиерата на „Фантастични ѕверки 2: Злосторствата во Гринделволд“ е предвидена за 16 ноември оваа 2018 година.