Волтер Кар (лево) и Лук Марклин

Студент од Алабама, САД, поминал околу 32 километри пеш, ноќе, за да стигне на неговото ново работно место, а неговата посветеност беше наградена со подарок автомобил од страна на директорот на компанијата, пренесува „Њујорк пост“.

Волтер Кар не можел да најде превоз за да стигне на работа, откако неговиот автомобил се расипал, по што тргнал пеш од Хоумвуд, на полноќ, со цел да стигне во Пелхам, во осум часот изутрина. Полицијата на Пелхам го сопрела момчето во 4 часот изутрина и го однела на доручек, пред да го префрли до домот на Џени Лами, која ги користела услугите на транспортната компанија „Белхопс“ што организира преселби, за која работи Кар.

Лами вели дека Кар одбил да се одмори, и покрај долгото пешачење, по што таа решила да му помогне, покренувајќи интернет-кампања за собирање пари кои би послужиле за студентот да купи нов автомобил.

Набргу и директорот на „Белхопс“, Лук Марклин, разбрал за маките на Кар, по што возел од Тенеси до Алабама, за лично да го донесе подарокот автомобил „Форд ескејп“ за вредното момче.

Лами и Марклин почувствувале потреба да му помогнат на Кар кој се доселил во областа Бирмингам од Њу Орлеанс, откако го загубил домот во ураганот Катрина.

– Сакав да покажам дека имам посветеност и дека ќе ја завршам работата, на еден или на друг начин. Ако луѓето мислат дека 32 километри се многу, јас им велам да се обидат да чекорат во моите чевли, бидејќи моите чевли ме убиваа тој ден – кажа низ смеа студентот, кој се надева дека неговата приказна ќе ги инспирира луѓето да се борат за нештата што ги посакуваат во животот.

Момчето беше трогнато од подарокот