„Ајде Македонија“ објави повик за вклучување на волонтери во системот за донирање на вишок храна „Сите сити“, кој ќе се одржи на 27 јуни од 17 часот во CEED Hub на ул. „Руѓер Бошковиќ 18“, во бараките на Машински факултет.

Оттаму посочуваат дека сите што сакаат можат да помогнат со донирање или пренос на храна, од донатор кон граѓанската организација, преку наоѓање нови организации, или вклучување нови бизниси со вишок храна и граѓански организации кои имаат потреба од таква храна.

Сите заинтересирани што сакаат да се вклучат во системот треба да ја пополнат апликацијата на овој  линк  и ќе бидат поканети на информативен состанок. За дополнителни информаци, контакт преку [email protected] или на  Фејсбук страната  на „Ајде Македонија“.