Американската технолошката компанија „Спејс екс“ испрати ракета со 60 сателити минатата недела.

Ракетата „Фалкон 9“, лансирана од Кејп Канаверал во Флорида, во вселената понесе сателити за да им обезбеди на корисниците супербрза интернет-врска. Огромна интернет-констелација со 60 сателити „Спејс екс“ беше наречена „Старлинк“.

Холандскиот астроном Марко Лангбрук со камера ги сними сателитите додека орбитираа околу Земјата, еден ден откако „Фалкон 9“ ги испрати во орбитата на Земјата.

Елон Маск, основачот на „Спејс екс“, рече дека сателитите ќе функционираат како „ширење на шпил карти на масата”. Тој потврди дека сите 60 сателити се онлајн и дека уредите наскоро ќе ги рашират своите соларни панели со кои ќе се напојуваат додека се во орбитата.

Ако проектот на Маск се покаже успешен, „Спејс екс“ може да ги победи конкурентите како Амазон и Уанвеб, кои исто така се обидуваат да постават сопствена интернет-конфигурација.

Целиот проект „Старлинк“ ќе чини 10 милијарди долари, но Маск рече дека компанијата има „доволно капитал” за да ги комплетира своите планови.