Експериментирањето со оживувањето на мртвите мозоци може да доведе до “вечен пекол” и “судбина полоша од смртта”.

Барем така смета Бенџамин Кертис, професор по етика и филозофија на Универзитетот Нотингем Трент во Обединетото Кралство.

-Дури и ако научниците успеат повторно да го оживеат вашиот мозок, треба остатокот од својот живот да го поминете во кутија, без сетила, заробени во својот ум – рече етичарот во интервју за списанието Конверзејшн.

Кертис го коментирал неодамнешниот експеримент во кој мозоците на свињите се одржувале во функционална состојба до 36 часа, откако главите им биле одделени од телото.

-Во најдобар случај треба сами на себе да си правите друштво до крајот на животот. Многумина веруваат дека, дури и со целосно функционално тело, бесмртноста може да биде прилично макотрпна. Со апсолутно отсуство на контакт со надворешниот свет, тоа би било пекол. Таквиот живот би бил полош од смртта – заклучува научникот.