Две илјади и дваесеттата година започна како и секоја друга година досега, со планирање на работите и со споделување мемиња за тоа како „ова ќе биде моја година“ и сл. За само неколку месеци, животот каков што го знаевме драстично се промени, се намали до големината на екранот на компјутерот. Сега, кога годината завршува, правиме преглед на овој луд нов свет „заробен“ од пандемијата. Постојат неколку работи со кои ќе се збогуваме и сигурно нема да ни недостигаат.

Кармин – Кога маските за лице станаа задолжителни во јавниот превоз и во затворените јавни простории, сите пролеавме понекоја солза за нашите колекции кармини, иако беа откриени некои генијални производи за усни што не се размачкуваат под вашата маска.

Жиците на градникот – Можеби најголемото ослободување во 2020 година беше ослободување од неудобните жици на градниците. Ја прифативме удобноста над стилот, а првата жртва беа токму градниците со жици. Значи, сега кога 2020 година заврши, може да се каже дека исто како и коронавирусот, жиците на градникот можат слободно да се фрлат во канта за отпадоци.

Нееластични појаси – Се сеќавате кога фармерките се сметаа за сосема нормален избор на облека за секој ден? По една година мерки и изолација, каде што владееше облекувањето од половината нагоре, не сме сигурни дури и дали се сеќаваме како да закопчаме патент и копче. Фармерките ги оставивме во задниот дел од гардероберот, а се навлековме во маички и тренерки.

Способноста да се гледаат сцени со толпи на телевизија – Кон нашата хит-листа на глуво емитување оваа година ги приклучуваме сцените со метеж на малите екрани. Стана физички невозможно да се гледаат филмови или сцени на телевизија што содржат големи, несоцијално оддалечени групи на луѓе без притоа да не доживеете напад на ужас, врескајќи на екранот и молејќи да ги дезинфицираат рацете, сеќавајќи се на безгрижните времиња во минатото.

Отстранување на влакната од телото – Депилацијата со восок, бричењето и епилацијата паднаа на дното на нашата листа на приоритети во услови на карантин, нула социјални ангажмани и 24/7 во тренерки или пижами. Наречете го тоа ефект од затворањето на козметичките салони поради ковид-19 или можеби будење, со оглед на тоа дека е 2020 година и таканаречените „норми“ за убавина повеќе не се применуваат.