Канаѓанецот Андре Тамин (65) е осуден на затворска казна од пет години и седум месеци поради шверцување на 32 килограми чист кокаин во Австралија, со што правдата стигна уште еден член на мрежата на неговата сонародничка Мелина Роберж (25), позната како „кокаинската убавица“, пренесува австралискиот интернет-портал „Њуз“.

Претходно, Роберж беше осудена на затвор од осум години за нејзиното учество во пренесувањето на дрогата, а соучесничката Изабел Лагасе (30), доби казна од седум и пол години. „Кокаинската убавица“ беше уапсена на 28 август 2016 година, кога австралиската гранична полиција го пронашла кокаинот при рацијата на луксузниот брод „Морска принцеза“ на пристаништето во Сиднеј.

Кокаинот бил пронајден во на луксузниот брод „Морска принцеза“

Таа учествувала во пренесување на кокаинот вреден 29 милиони долари, во текот на крстарење низ светот. Младата Канаѓанка се надевала дека преку фотографиите од 50-дневното луксузно крстарење низ повеќе држави ќе стекне популарност на социјалната мрежа „Инстаграм“. Медиумите откриваат дека Роберж се занимавала со елитна проституција, додека Лагасе работела како порно-актерка.

Мелина Роберж (лево) и Изабел Лагасе

Роберж ќе мора да отслужи барем четири години и девет месеци од казната, а предвид ќе биде земено и времето поминато во притвор. Престапничката ќе има право да побара условно ослободување во мај 2021 година.

 

Роберж се надевала дека преку фотографиите од крстарењето ќе стекне популарност на „Инстаграм“