Популарните телевизиски серии од нашето детство и млaдост се како стари пријатели. Во нас будат носталгија и некое топло чувство околу срцето. Токму затоа ќе ви откриеме кои серии ќе добијат нови верзии во наредниот период што можеби ќе разбудат мнoгу спомени кај вас.

„Ѕвончето како спас“

Оваа серија беше многу популарна во 1990-тите, а во неа глумеа Елизабет Беркли, Сем Бобрич, Тифани Тајзен и Матео Лопез. Тие беа ученици и пријатели во училиштето „Бајсајд“, а еве ги и нивните телевизиски имиња: Зак Морис, Џеси Спано, Кели Каповски, А.С. Слетер. Во 2020 година тие се враќаат во училиштето како учители, родители или во случајот на Зак – како гувернер на Калифорнија.

„Принцот од Бел Ер“

Едно е сигурно, во 1990-тите немаше поголем тинејџерски фраер од Вил Смит. Во серијата Вил мораше да се пресели кај своите богати роднини во Бел Ер за да ги избегне проблемите во својот кварт. Со жените никогаш немал проблеми, а неговото додворување е веќе легендарно, како и неговите разговори со вујко му Фил. Освен што серијата беше многу забавна, тоа беше убав почеток на светската кариера на Смит. Но актерот очигледно не може да ги заборави своите корени, па одлучил да направи нова верзија на серијата „Принцот од Бел Ер“, која сега се вика само „Бел Ер“. Меѓутоа ако очекувате смеа и забава, по сѐ изгледа тоа нема да се случи, бидејќи според најавите, ова ќе биде сериозна и мрачна серија.

„Девојките до Беверли Хилс“

Сите ги сакавме Шер (што ја глумеше Алиса Силвестрон) и нејзината ведрина. А особено нејзиниот стил на облекување. Ова богато девојче и нејзините пријателки освоија многу срца во 1990-тите. Иако ова беше само филм, овој класик наскоро ќе стане серија, но во центарот на вниманието нема да биде Шер, туку нејзината најдобра пријателка Дион. Таа ќе мора да го разјасни нејзиното мистериозното исчезнување и да ја преземе титулата, нова кралица на гимназијата.

„Доги Хаусер“

Има ли нешто послатко од Нил Патрик Харис во лекарска облека? Истоимената серија го следи чудото од дете, кое со 14 години станува најмлад лекар во државата. Слична содржина ќе има и новата верзија, но овој пат главниот лик ќе биде 16-годишната Лахела Доги Камелоха, која живее на Хаваите. Освен проблемите што ги има како лекар тинејџер, таа наидува на пречки поради своето потекло…