На надморска височина помеѓу 2.060 и 2.200 метри, на планината Шара во Грузија, во регионот Сванети, се наоѓа „највисокото“ населено место во Европа.

Ушгули е всушност заедница од четири помали села: Жибиани, Чвибиани, Чажаши и Муркмели, а во нив живеат околу 70 семејства, односно околу 200 жители.
Единствен пат по кој може да се стигне до ова село е патот што води кон градот Лентехиј, а често е недостапен. Во текот на летото, до највисокото село во Европа можете да стигнете со автомобил, но во зима најчесто тоа не е можно. Снегот ја прекрива целата област околу шест месеци годишно.

На жителите од ова село не им пречи тоа. Тие се навикнати на условите во кои живеат. Децата одат во локалното училиште, а тука се и неопходните установи за функционирање на селото.

Особено е занимлива капелата од 12 век, изградена за време на кралицата Тамар, а покрај неа уште неколку објекти се наоѓаат на листата на светското културно наследство на УНЕСКО. Особено се истакнуваат одбранбените кули карактеристични за Сванети – предел богат со историја.
Интересно е што тука е снимен филмот „Салт фор Сванетиа“, кој го режира Михаил Калатозов.