Кралицата на Бутан, Џетсун Пема (28), најмладата кралица на светот, ги воодушевува жителите на оваа мала држава со својата убавина и скромност. Младата кралица, која неодамна го роди првото дете, е родена во фамилија, која имало сродство со кралското семејство, меѓутоа немала титула.

Нејзиниот татко Дондуп Гјалтшен е полубрат на поранешната кралица. Нејзината мајка Сонам Чуки потекнува од старо аристократско семејство и е кума на бутанскиот принц.

Џетсун се школувала во Индија, каде што уживала во кошарка и сликање, а редовно победувала во натпревари за дебати и ораторство. Течно говори хинду, англиски и ѕонгка, службен јазик на Бутан.

Џетсун Пема и Кејт Мидлтон

Студиите по меѓународни односи и психологија ги завршила во Велика Британија. Со кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук се свршила кога имала 21 година и со тоа предизвикала многу полемики затоа што младата двојка го прекршила протоколот и отскокнала од традицијата што пропагира договорени бракови. Тие прекршиле уште една норма – живееле заедно пред брак.

Двојката се запознала на семеен пикник кога Џетсун имала само седум години, а идниот крал имал 17.

„Кралот Змеј“, како што го нарекува народот, станал монарх во 2006 година кога неговиот татко абдицирал. Интересно е што во Бутан е дозволена полигамија, а неговиот татко тоа го искористил и се оженил со четири жени. Меѓутоа, младиот крал одлучил Џетсун да биде негова единствена жена.

Се венчал со Џетсун, а нивната церемонија била понаква од другите. Се работи за петчасовна будистичка церемонија во тврдина од 17 век, а невестата носела традиционална носија.

Џетсун живее во скромна куќичка со сопругот, и тие не заминале на меден месец, туку ја пропешачиле земјата и се запознавале со населението.

Бутан е единствената земја на светот во која власта е уверена дека среќата е најважната цел кон која треба да тежнее цело население. Правото на среќа во Бутан е напишано и во член 9 од нивниот Устав.

Кога во Бутан се прави попис на населението едно од задолжителните прашања е и „Дали сте среќни?“.

Во последниот попис, спроведен во 2015 година, 35 отсто од населението изјавило дека „многу се среќни“, 47,9 отсто дека се чувствуваат „умерено среќни“, а само 8,8 отсто од населението изјавиле дека се несреќни.

Во Бутан не постои концепт за бруто домашен производ. Наместо тоа, за благосостојба на земјата се користи друг индикатор – бруто национална среќа. Бруто национална среќа е концепт што настанал во 1972 година во Бутан, како идеја на тогашниот крал. Идејата претставува противтежа на бруто националниот производ и потекнува од будизмот.

Постојат четири основни компоненти на бруто национална среќа, а тоа се културната димензија, рамноправен економски развој, добро управување и заштита на животната средина.

Среќата се смета за главен приоритет на националната политика. Владата на Бутан дури има основано и Министерество на среќа, нешто што досега го немала ниедна друга земја во светот.

Според податоците Бутан е многу малку погоден со глобалните проблеми, како што се глад и криминал.

Луѓето во Бутан генерално живеат задоволен живот, не се опседнати со модерна технологија и успешно го имаат зачувано своето културно наследство. За тоа е заслужен фактот дека досега не почувуствувале војна или екстремна сиромаштија. Со нивниот закон се забранува убивање животни, така што повеќето жители се вегетеријанци. Исто така, забранет е увоз на пестициди, така што производите не им содржат штетни состојки.

Уште еден интересен податок е тоа што шумите не се сечат, а жителите секогаш се трудат да засадат што е можно повеќе стебла. Средишниот и јужниот дел на земјата не се воопшто урбанизирани и се големи природни резервати богати со флора и со фауна.

Во последните 20 години животниот век е зголемен речиси двојно, а речиси сите деца одат на училиште.

Во состав на зачувувањето на животната средина, Бутан има воведено пешачки ден еднаш месечно. Тој ден сите вработени идат пеш на работа.

Бутан го има сочувано своето природно богатство од едноставна причина: ловот е забранет, а забрането е и сечењето дрва. Ова кралство (парламентарна монархија) произведува онолку колку што е потребно за само себе да се издржува.