Ви се случува ли по почетокот на постудените денови имунитетот да почне да ви покажува знаци на слабеење? Причината за тоа не се ниските температури, иако честопати така се претпоставува.

Главниот „виновник“ всушност е сѐ почестиот престој во затворени простории – собирањето на голем број луѓе во простории без вентилација, што придонесува за поголема размена на бактерии и вируси. Бидејќи е речиси невозможно да се влијае на таквите околности, единственото што ни останува е да ја насочиме целата наша енергија на засилување на имунолошкиот систем.

Иако звучи како бескрајно повторувачка приказна и нешто што го знаат дури и врапчињата, вистина е дека многу често забораваме кои се најголемите непријатели на нашиот имунолошки систем. Стресот, лошиот сон, недоволната физичка активност, долгорочната употреба на антибиотици, брзата храна, цигарите и внесот на алкохол се фактори кои нѐ вознемируваат во текот на целата година, но нивното најголемо негативно влијание најмногу доаѓа до израз во зима.

Најлошо е да ги игнорирате знаците на ослабениот имунитет. Обрнете особено внимание на заморот. Доколку некој индикатор отстапува од вообичаеното, време е да посветите посебно внимание на себе и да ги намалите лошите навики. Посебно треба да се внимава доколку припаѓате на ранлива група поради возраста или поради хронична болест.

СОЈУЗНИЦИ НА ИМУНИТЕТОТ

Урамнотежената и правилна исхрана вклучува хранливи, но во исто време и лесни оброци кои нема да го оптоварат желудникот. Погрижете се вашето мени да се базира на сезонско овошје и зеленчук и сложени јаглехидрати. Во зима не е на одмет како додаток во оброците да се вклучат ориз, тестенини и интегрален леб. Искористете ја зимската гастро-магија и слободно препуштете се на кисели краставички и кисела зелка, бидејќи тие се одлични сојузници во градењето добри бактерии во цревата.
Погрижете се да имате зелена боја на менито, сакале или не, не смеете да заборавите колку се здрави.

Зеленото овошје и зеленчук се богати со витамини А, Ц и К, кои докажано се „чистачи“ на токсините и зајакнувачи на имунитетот. Покрај тоа, тие се богати со влакна, кои помагаат да се чувствувате сити и им помагаат на органите за варење. Главни на препорачаната листа се спанаќот, блитвата и брокулата, кои се извор на бета-каротин, како и кивите и магдоносот. Од вас зависи дали зеленчукот ќе го јадете варен или сиров, во форма на смути.

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ!

Најмоќниот природен биостимулатор, биорегенератор, имунотоник и адаптоген е матичниот млеч, без никаква конкуренција.

Овој рајски производ од пчелите им се препорачува на сите, но особено на децата и постарите лица. Придобивките од неговата употреба особено ги забележуваат спортистите и деловните луѓе, кои често се наоѓаат во стресни ситуации. Кај болните, матичниот млеч помага да се забрза процесот на заздравување, додека пак трудниците го користат за правилен развој на плодот.


И не заборавајте да се смеете, барем неколку пати секој ден. Не е само фраза дека позитивниот поглед на светот и оптимизмот најмногу придонесуваат за општата благосостојба на организмот.