Драмскиот театар Скопје денеска ќе одржи комеморација за неодамна починатиот македонскиот драмски писател Горан Стефановски.

Покрај ансамблот на НУ Драмски театар Скопје, обраќање за делото на Горан Стефановски ќе имаат и претставници од Македонската академија на науките и уметностите, Факултетот за драмски уметности, Филолошкиот факултет и Друштвото на писатели на Македонија.

Горан Стефановски, по кратко боледување почина на 66-годишна возраст во Англија.

Горан Стефановски (роден во Битола, 27 април 1952) е македонски драмски писател. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“.