„Економист“ објави листа на 10 градови, кои се најдобри за живот и 10 во кои не е ниту малку пријатно и сигурно да се живее.

Виена првпат го симна Мелбурн од врвот на листата на светски градови најдобри за живот, покажа истражувањето на „Економист интелиџенс јунит“

Виена и Мелбурн секоја година во истражувањето на „Економист“ беа во мртва трка за титулата најдобар град за живеење, но австралискиот град секогаш беше за малку подобар.

Оваа година Виена е на врвот, благодарение на намалената закана од терористички напади во Западна Европа и ниската стапка на криминал.

Виена, по квалитетот на животот, редовно е на првото место на листата што секоја година ја составува консултантската фирма Мерсер. Откако сега ја освои и листата на „Економист“, повеќе нема сомневање дека во австрискиот главен град е најдобро да се живее. 

Дамаск е на последното место, блиску до него му е Дака, главен град на Бангладеш и Лагос, најголемиот град во Нигерија. Истражувањето не вклучува неколку најопасни градови во светот, како што се Багдад и Кабул.