Колку подолго седиме, толку поголем е ризикот за оштетување на срцето, а тука посебно треба да се нагласи срцевата слабост, се наведува во ново истражување на Универзитетот на Тексас во кое учествувале над 1.700 испитаници.

Анализата на крвта открива дека кај лицата кои седат подолго време во денот, имало повисоко ниво тропонин. Во посебно ризичната група спаѓаат оние кои седат просечно повеќе од девет часа, а освен од оштетувања на срцето, се зголемува и ризикот од појава на дијабетес и други слични болести.

Она што посебно треба да се истакне, е дека во тие околности, ниту вежбање не може многу да помогне, сметаат стручните лица.

Засега не е познато зошто седењето е поврзано со ослабнувањето на работата на срцето, па за тоа ќе бидат потребни дополнителни истражувања.