Само неколку дена откако беше прикажан филмот „Вондер Воман 1984“ во кината и на стриминг-сервисите, „Ворнер брос“ го објави снимањето на третиот дел, пишува „Вераети“.

Филмот „Вондер Воман 1984“ заработи неверојатни 16,7 милиони долари уште во првиот викенд од објавувањето во САД. Достапен е и на „Ејч-би-о макс“, каде што исто така е прегледан од голем број корисници на оваа платформа.

– „Вондер Воман 1984“ собори рекорди и ги надмина сите наши очекувања, беше прегледан од огромен број луѓе во првите 24 часа. Очекуваме овој тренд да продолжи и понатаму. Среќни сме што во овој тежок период им дадовме можност на обожавателите да го гледаат филмот од удобноста на нивниот дом, односно преку „Ејч-би-о“ – изјави портпаролот на „Ворнер брос“, Енди Форсел.

Режијата и сценариото на третиот дел повторно се потпишани од Пети Џенкинс, додека Гал Гадот се враќа во главната улога.