Азија Арџенто, италијанска актерка синоќа на завршната церемонија во Кан, одржа моќен говор што ги занеми присутните и ги соочи со суровата реалност што резултираше со движењето #MeToo.

-Во 1997 година Харви Вајнштајн ме силуваше тука во Кан. Имав 21 година. Овој фестивал беше неговото ловиште. Сакам да предвидам нешто: Харви Вајнштајн никогаш веќе нема да биде добредојден тука во филмската индустрија, во ниту една друга. Ќе живее во срам, отфрлен од филмската заедница што порано го прифаќаше и ги прикриваше неговите злодела- говореше актерката.