Новото истражување на Медицинскиот факултет во Висконсин, САД, покажува дека има поврзаност меѓу внесот на вештачките засладувачи со ризикот од дебелина и појава на дијабетес тип 2. Овие додатоци негативно влијаат и на крвотокот.

– Вештачките засладувачи некако го измамуваат нашето тело, па тоа „мисли“ дека внесуваме калории, а тоа може да влијае на лачење инсулин- рече водачот на тимот истражувањето Брајан Хофман.

Така, препораката е да користиме природни засладувачи, а и малку шеќер дневно нема којзнае колку да и наштети на вашата линија. Сепак, сето тоа треба да биде умерено.