Џим Кери предизвика бес со карикатура од гувернерката на Алабама

170

Џим Кери уште еднаш предизвика бес со провокативна карикатура – на неа е прикажана гувернерката на Алабама, Кеј Ајви, како абортиран фетус.

Кери реагираше на фактот дека Ајви го потпиша контроверзниот закон (за кој гласаа 25 бели мажи) кој во таа земја ги забранува сите абортуси, освен во итни медицински случаи.

На својот профил на Твитер, Кери објави карикатура во која Ајви е прикажана како фетус кој сè уште е врзан со папочна врвца. „Мислам дека ако сакате да ја прекинете бременоста, тоа треба да го направите пред фетусот да стане гувернер на Алабама”, напиша тој.

Реакциите на корисниците на социјалните мрежи беа различни. Додека некои истакнаа дека се согласуваат со него, многумина мислат дека тој страда од лошо менталното здравје. „Дали си добро?”, прашува еден корисник на Твитер. „Не веќе некое време”, додава друг.

Инаку, Кери неодамна се најде на удар на внуката на Мусолини која го нападна поради карикатурата на нејзиниот обесен дедо.